Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Марк Маркез му честиташе на Романо Фенати за настапот кој го имаше на Австриската трка. Италијанецот првично ја обезбеди пол позицијата но потоа доби казна. Сепак, ова не му пречеше на крајот на трката да заврши на првото место.

За Фенати ова е прва победа по инцидентот кој го предизвика на трката од Moto2 серијата која се возеше во Мисано минатата година. Тогаш при голема брзина тој притисна на сопирачката на Стефано Манзи.  Откако беше дисквалификуван, казнет и отпуштен од тимот, Фенати оваа година се врати во Moto3 серијата и е дел од тимот на Snipers.  Во досегашниот дел од сезоната, неговите настапи се променливи.

Имаше импресивни пред сезонски тестови но стартот на сезоната му беше слаб и освои само еден поен на првите шест трки.Формата потоа почна да му се движи по нагорна линија а сето тоа резултираше со победа на трката во Австрија.

Зборувајќи после квалификациите за трката, Маркез изјави дека е среќен што Фенати продолжил да вози и дека научил од грешките.

„Секако дека сум среќен“, изјави Маркез. „Јасно му е дека тоа што го направи лани е погрешно.“

Fenati txt 16 08

„На трката во Брно кажав дека она што се случи меѓу мене и Ринс беше погрешно. Но ние сме млади возачи и тешко е да се размислува кога го имате сиот тој притисок додека се тркате.“

„Понекогаш кажуваме или правиме работи кои не се коректни. Но тоа го правиме бидејќи не сме доволно искусни.“

„Тој научи од грешките и повторно се врати на патеката. Голем талент е и тоа го покажа во Moto3. Сигурен сум дека во блиска иднина ќе има можност повторно да го покаже талентот и во Moto2.“

Импресиониран од настапот на Фенати беше и возачот на Petronas Yamaha, Фабио Куартараро. Тој се натпреваруваше против Италијанецот во сезоните 2015 и 2016 кога беше дел од Moto3 серијата како и во 2018 година кога возеше во Moto2.

„Навистина сум среќен што повторно го гледам назад на патеката“, изјави Куартараро. „Мислам дека Романо може да биде уште побрз. Има поголем потенцијал од она што во моментов го покажува и има шанса да се бори за победа на речиси секоја трка.“

Back To Top