„Пред се, ова беше навистина забавно. Лука беше силен, неговиот потенцијал ме импресионираше“ - Валентино Роси.

Валентино Роси можеби одамна се нема искачено на подиумот во MotoGP но девет кратниот светски шампион на крајот на сезоната 2019 се искачи на пиедесталот. Заедно со Лука Марини и Алесио Салучи успешно ја завршија трката Gulf 12 Hours.

Триото, кое настапи со Monster VR46 Kessel Ferrari 488, стигна до победа во 'Pro-Am' класата. Роси беше задоволен со третата позиција а пред него завршија само пар на Audi R8 од Про класата.

„Среќни сме од овој резултат. Завршивме на првото место во нашата категорија. Но голема сатисфакција ни преставува тоа што севкупно завршивме на третата позиција“, изјави Роси кој последен пат се искачи на подиумот во MotoGP за време на трката во Остин.

„Се чувствував многу добро во автомобилот и имав одлична соработка со тимот. Пред се, беше многу забавно. Лука беше навистина добар и многу ме импресионираше. Веќе го имав гледано во Монца но денеска само го потврди својот квалитет.“

„Одличен настап имаше и Учио, за кого овој резултат беше исполнување на долгогодишниот сон.“

Gulf 12 Hours txt 1 16 12

Роси, кој оваа недела заедно со Луис Хамилтон настапи на патеката во Валенсија со Формула 1 болидот на Mercedes, беше најбрз возач во неговиот тим. На крајот, резултатот кој го постигна беше доволен само за старт од седмото место.

Дванаесет часовната борба беше поделена на две, шест часовни сесии. Трката се одржа на истата патека каде се возеше и последната трка од сезоната во Формула 1.

Но и покрај тоа што имаше слаб старт, VR46 првиот дел од трката го заврши на шестата позиција а беше прв во својата класа. Во вториот дел, неколку од Про автомобилите се соочија со технички проблеми. На крајот, за последното место на подиумот останаа да се борат само #46 Ferrari и #5 Audi.

Gulf 12 Hours txt 2 16 12

И покрај казната од пет секунди која ја имаше тимот на Роси, тие успеаа да се одбранат од налетите на нивниот најголем ривал. Ова за триото на VR46 беше прво искачување на подиумот.

Поранешниот Гран При возач, Лорис Капироси, кој настапи за Kessel Racing Ferrari, севкупно заврши на седмото место додека пак во неговата категорија беше на втората позиција. Покрај него, дел од тимот беа и Алексис де Бернарди и Ники Кадеи.

Gulf 12 Hours txt 3 16 12

Back To Top