Данило Петручи пред трансфер во MotoAmerica: Боби Фонг заминува во BMW
Актуелниот шампион Боби Фонг ја напушта Yamaha и од 2027 година ќе настапува за тимот на BMW,...
Секоја втора година, во Октомври, мото индустријата се собира во Келн, Германија, за саемот за мотори INTERMOT. Оваа изложба претставува добра алтернатива за Германските брендови да ги претстават нивните нови машини. Многу често BMW и KTM ги претставуваат своите најнови модели на ова шоу. И оваа година нема да биде поинаку.
Тимот на Yamaha продолжува да дели награди по неодамнешната победа на трката „Suzuka 8-Hours.“ Алекс Ловс доби можност да настапи на Monster Yamaha Tech 3 MotoGP мотоциклот на неодамнешната Гран При трка која се оддржа во Велика Британија, а исто така ќе настапи и на трката која ќе се оддржи овој викенд во Сан Марино.
Мото клубот Ноќни Волци викендов го организираше јубилејниот 10-ти мото фестивал. Во рамките на мото собирот беше организирано протесно возење низ улиците на Скопје со цел да се подигне свеста за мотоциклистите кај останатите учесници во сообраќајот.
Во недела, 25ти септември, десетици илјади лица низ стотици градови ширум светот ќе ги наместат краватите, ќе ги средат мустаќите и ќе се качат на своите класични мотоцикли за да соберат пари и да ја зголемат свеста за здравјето на мажите.
Како што се очекуваше, Sky VR46 и официјално го раскина договорот со Романо Фенати. Италијанецот беше суспендиран од тимот по инцидентот на патеката Red Bull Ring во Австрија. Тоа беше само привремена мерка, а сега соработката и официјално е прекината.
Како што веќе најавивме во МотоГП се подготвуваат измени во начинот на кој тимовите ќе комуницираат со возачите за време на трките. Во продолжение да погледнеме што мислат возачите за новиот предлог.