BMW M 1000 RR 2027 добива трета генерација на M Motorsport рам
BMW Motorrad ја претстави третата генерација на својата M Motorsport рамка, која од моделската...
Прва работа што луѓето ја помислуваат кога временските услови ќе се влошат е „ова е гнасно време“ и затоа нема да се возам... но тоа не треба да е така. Очигледно тука не станува збор за снег и мраз, но возењето на мотор на влажно време може да биде повеќе едукативно отколку возење во суви временски услови.
Моторот е единствено превозно средство со свој погон, каде возачот и совозачот директно со своите сетила можат да уживаат во природата, но од друга страна и директно се изложени на сите природни непогоди. Обично сувото време со температура од некои 14-15 степени и нагоре, не претставува проблем за возење со мотор, но што под тие, па дури и минусни температури?
Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.
Иако љубителите на мотоциклизмот во Македонија немаат можност да гледаат трки со брзински мотоцикли кај нас, нема моторџија кој не чул за Зизи. Токму затоа, ова интервју го правиме со Игор Спиров - Зизи, натпреварувач во Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 600цц.
Првиот дел од наградната игра на Мотул и мотори.ком.мк заврши, добитници во овој циклус се тројца членови на форумот кои испратија фотографија од својот мотоцикл и моторното масло Motul.
Еден од моделите кој го има преживеано тој временски период и сеуште е број еден е Хонда Голд Винг, модел кој се произведува цели 36 години без никакво размислување за запирање на тој модел, е тоа е успех. Во изминатите 36 години Хонда со Голд Винг не го преживуваше тој период, туку беше лидер со секој свој модел карактеристичен по нешто ново и невообичаено.
Пред повеќе од 30 години не постоеше ниту интернет ниту пак нешто како сајт или јавен форум на него. Сепак тоа не значи дека немало медиуми преку кои се правеле обиди за популаризирање на тематиката која денес ја обработува нашиов сајт motori.com.mk