BMW M 1000 RR 2027 добива трета генерација на M Motorsport рам
BMW Motorrad ја претстави третата генерација на својата M Motorsport рамка, која од моделската...
Мотори.ком.мк во соработка со станицата за технички преглед и регистрација на возила „Power Sport System“ започнува кампања за едукација на возачите на автомобили. Кампањата е дел од проектот „Грешката чини живот“, а целта е на возачите на автомобили да им се укаже на постоењето на мотоциклисти на патот, чии права и обврски во сообраќајот се исти како и на другите учесници.
За таа цел, во станиците на PSS за почеток ќе бидат испечатени флаери кои ќе бидат дистрибуирани на сите возачи на автомобили.

За да ја помогнете акцијата наша препорака е регистрацијата на вашите мотори, вадењето на осигурување или зелен картон да го правите во станиците за технички преглед и регистрација на PSS. Се што треба да сторите е да ја испечатите сликата кој е во прилог и да ја доставите при посетата во PSS, за процент од средствата да биде одвоен за кампањата.
Кликнете овде за да ја превземете сликата која треба да ја отпечатите и да ја понесете со себе во ПСС.
Сликата можете да ја добиете отпечатена и во нашата канцеларија која се наоѓа на ул. Борка Талески 49 (до кафулето Конак) и на шалтерите на сите станици за технички преглед на ПСС.
Во „PSS“ можете да извршите технички преглед и регистрација на вашиот мотор, да извадите обично осигурување како и каско осигурување, да извадите зелен картон, а од неодамна во склоп на „Power Sport System“ работи и автошкола во која можете да полагате за А категорија. За повеќе информации посетете го веб сајтот www.pss.com.mk
Задолжителните трошоци да ги искористиме паметно, да спасиме живот!
Андреа Довициозо е решен да го подобри Ducati. Италијанската веб страна omnicorse.it имаше можност да поразговара со Италијанскиот возач кој беше присутен во фабриката на Ducati кога пристигнуваа седумте нови MAN камиони кои ќе го пренесуваат MotoGP тимот низ целиот свет.
Кога зборуваме за Honda CB, обично мислиме на постар мотор. Португалските производители на мотори, Освалдо Коутињо и Александре Сантос од „roCkS!bikes“, сакаа нешто поинакво па го искористија своето знаење за да ја преправат својата Honda CB750.
Бројките од Еропските извештаи за безбедност во сообраќајот говорат дека патиштата во земјава се далеку од безбедни, а Македонија е единствената во Европа каде што бројот на жртви од сообраќајни незгоди, од година на година наместо да се намалува, постојано се зголемува..