BMW M 1000 RR 2027 добива трета генерација на M Motorsport рам
BMW Motorrad ја претстави третата генерација на својата M Motorsport рамка, која од моделската...
Правната битка помеѓу Кевин Шванц и патеката „Circuit of the Americas“ во однос на наводните права за 10 годишниот договор за промовирање на MotoGP, се зголемија за време на неодамнешните тестови на патеката во Остин, откако на поранешниот MotoGP шампион му беше забранет влезот на патеката.
Денешниот „специјален мотоцикл“ е повторно Café Racer базиран на модел на Ducati. Но за разлика од повеќето слични мотоцикли кои веќе ги имаме видено, овој мотоцикл не доаѓа од познатите Deus, Wrenchmonkee или некои други слични на нив.
МФМ традиционално и по јубилејен 5 пат ќе го организира натпреварот „Гран При Македонија“ во рамките на Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2013 година, кој ќе се одржи на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.
Малку е веројатно дека некој македонец ќе има можност да вози на новата патека на Америка во Остин, Тексас, бидејќи само изнајмувањето чини 50,000$, но оние неколку среќни новинари кои ќе имаат можност да го сторат тоа, би требало да внимаваат на она што ќе го каже MotoGP возачот Колин Едвардс.
Сигурно го помните видеото во кое моторџијата ја запроси својата девојка на сред автопат. Случката доби и правна разврска откако четворица од учесниците се уапсени заради предизвикување јавна опасност.
Доколку сакате да дознаете како се создава мотоцикл, тогаш сте на вистинското место. Во ова кратко видео направено од Red Bull, ќе можете да видите што се случува зад сцената во фабриката на KTM во Матигхофен, Австрија и како се создаваат мотоциклите кои често го носат логото на компанијата за енергетски пијалоци.
Мотоциклизмот ги сплоти Македонците и Грците. Околу 1.000 учесници од двете земји беа дел од првиот заеднички проект наречен „Прекугранични тркала“. И двете страни се задоволни што заеднички, преку овој проект, постигнале многу повеќе од политичарите.