(Време на читање: 1 - 2 минути)


Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

cforce francija 3

Пазарот за ATV возила значително се разви во изминативе неколку години, особено под влијание на пандемијата и ограничувањата на интернационалните патувања. CFMOTO го искористи овој момент да ја зацврсти својата доминантна позиција на голем број европски пазари, но и да подготви новитети кои заслужуваат внимание. 

Самиот факт дека бевме дел од, веројатно, првото демо возење на AТV возила во цела Европа укажува на сериозноста, посветеноста и професионалноста на самиот производител. Целиот настан беше организиран од страна на CFMOTO Франција, но ние бевме таму благодарение на нашиот локален увозник CFMOTO Македонија и секако со сериозна поддршка од регионалниот увозник CFMOTO Србија. 

cforce francija 1

Двете нови возила всушност се стартен дел од понудата, но тие се и најпродаваните модели во понудата на овој кинески производител, оттаму во нив континуирано се вложува сериозно како во квалитетот така и во развојот на технологијата. 

Претставените модели имаат комплетно ново подвозје кое е повиско од претходно и лежи на нова суспензија која овозможува поудобно возење но и помал круг на вртење за цели 25% во споредба со претходните модели. 

CFMOTO CFORCE 520L 025

Унапредување има и во удобноста, кај самите седишта но и во новиот екран кој го има кај моделот 520 L, но она што прави дополнителна разлика на целокупното искуство е т.н. серво волан односно EPS.

Она што ви препорачуваме сега е да го погледнете видеото во кое го пренесуваме целокупното искуство од Lastours ендуро паркот.  

Моделите на нашиот пазар но и ширум Европа се очекува да бидат достапни кон крајот на оваа година, тогаш секако ќе објавиме и повеќе технички детали и цени, кои сега за сега, не се достапни.  

CFMOTO CFORCE 520L 027

CFMOTO CFORCE 520L 037

CFMOTO CFORCE 520L 044

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: