Минатата недела европската мото заедница доби нов дигитален простор кој се обидува да ја поедностави организацијата на групни возења и да го олесни контактот меѓу моторџиите што делат исти навики на патот.
Платформата 4ride.rs се претставува како место каде возачите можат да објават планирана тура, да постават параметри како стил на возење, темпо и ниво на искуство, и да се поврзат со други што одговараат на зададените критериуми.
На страницата се нагласува дека целта е да се избегнат недоразбирања и непотребни изненадувања на денот на поаѓање, па затоа секој организатор има можност да одобрува кој ќе се приклучи. Според објаснувањето на платформата, ова треба да создаде поусогласени групи каде возачите имаат слични очекувања, без разлика дали станува збор за брз викенд круг или долга повеќедневна тура.
“На интернет постојат многу различни добри групи, форуми и сл. за организација на возења, но нивната видливост на пребарувачите е ниска. Токму затоа минатата година решив да го креирам овој сервис и да го направам организирињето на тури повидливо и поедноставно” - наведува Саша Стојановиќ, креаторот на 4ride.rs
“Токму затоа и платформата од сам старт е достапна на повеќе јазици, сакам корисниците од другите земји низ Европа да им го олесниме поврзувањето со локалците (мисли на Балканците) и така да ги откријат подобро локалните патишта и да ја осетат локалната култура.” - додава Саша

Покрај поврзувањето меѓу моторџиите, страницата нуди и можност за споделување GPX рути - нешто што често е ограничено или монетизирано на други платформи. Возачите можат да ја прикачат својата планирана траса или да ја креираат директно на мапа, а заинтересираните ја гледаат уште пред да побараат приклучување на возењето.
Самиот креатор на возењето има опција да дефинира каде ќе се одвива комуникацијата меѓу пријавените.
Зад проектот стои Саша, независен ентузијаст кој верува дека платформата нема никогаш да стане комерцијална, и гордо истакнува дека нема да има реклами, претплати или продажба на податоци. Идејата, како што е наведува тој е да се понуди едноставна алатка за мото заедницата без притисок од бизнис-модели. Тој вели дека идејата е да се понуди нешто бесплатно во мото светот во кој секогаш има сериозни трошоци дали е тоа јакна од 500 евра или gpx патеки од 20 евра. „Ако трошкот за одржување стане поголем, верувам дека ќе се најде уште некој ентузијаст кој ќе биде подготвен да покрие дел од трошоците” - самоуверено додава Саша.
Иако проектот допрва се развива, амбицијата е да се покрие цела Европа и да стане корисен севис за сите што сакаат да пронајдат партнери за возење или да организираат свои тури. На тој начин, 4ride.rs создава дигитална инфраструктура која може да ја збогати моторџиската култура, особено меѓу оние што сакаат патувањето да го споделат со луѓе со сличен ритам и вкус за патот.



Коментари