Кога прв пат го видовме концептот Honda CB4X на EICMA минатата година, веднаш се заљубивме во него. Honda Motor Europe има историја на развој на одлични концепти а CB650 платформата дава можност за креирање на прекрасни опции.

Со оглед на реакциите кои ги доби CB4X, се чини дека Honda ќе се одлучи оваа машина да се појави на пазарот. Гласините се засилија кога компанијата реши дизајност да го пријави во агенцијата за заштита на интелектуалната сопственост.

Сега се појавија нови информации во однос на иднината на овој мотоцикл, иако се чини дека машината има претрпено неколку промени.

Како и Honda Rebel 1100 кој само што дебитираше како модел за сезоната 2021, и тука го имаме истиот 1,084cc parallel-twin мотор од Africa Twin. Поради тоа сега оваа машина ја нарекуваме Honda CB1100X sport-tourer.

Линиите на мотоциклот во главно остануваат исти иако има мали промени во однос на првичните цртежи.

За среќа, изгледот на машината се уште ги задржува цртите по кои се познати sport-touring машините, уште од периодот кога Yamaha FZ1 беше на врвот.

2020 Honda CB1100X concept AutoBy 2

Со малку подобра суспензија, целосен пакен на електроника како и модерен изглед, оваа нова генерација на sport-tourer машини би можела да преземе многу од способностите на мотоциклите кои се дел од ADV сегментот.

Всушност, веќе ги имаме класифицирано некои од овие „dual-sport“ машини како „Adventure-Sport“ модели.

Искрено се надеваме дека Honda ќе одлучи овој мотоцикл да се појави на пазарот. Моторот на Africa Twin веќе покажа дека има одлични можности а сигурни сме дека има голем број на возачи кои се заинтересирани за повисоки спортски мотоцикли, како што е CB1100X концептот.

Се надеваме дека конечната модел ќе изгледа малку повеќе на CB4X но ќе бидеме задоволни и со оваа верзија. Сепак, до 2022 година има уште многу...

Back To Top