На пазарот за спортски мотоцикли со мал капацитет во Велика Британија сега доминираат компетентни и удобни single и parallel-twin cylinder машини кои имаат 47bhp.

Практични и лесни за користење, тие се нешто сосема поинакво од возбудливите 250 и 400 машини од осумдесетите и деведесетите години. Како што се зголемуваше потребата за помоќни спортски мотоцикли со поголем капацитет, овие машини полека заминуваа во историјата. Само од време на време знаеше да се појави некој примерок.

Но се чини дека Kawasaki планира да го смени тоа со нова четири цилиндрична машина која се појави на неколку пазари во Азија. Наречен Ninja ZX-25R овој мотоцикл има 50.3bhp при 15,500rpm а сето тоа доаѓа од 249.8cc inline-four моторот. Изгледот е позајмен од ZX-6R. Моделите кои се продаваат на Јапонскиот пазар имаат скромни 44bhp.

Иако не сите мотоцикли ќе бидат во согласност со А2 лиценцата, ZX би можел да биде совршен противотров за се поголемиот број на литарски мотоцикли кои имаат капацитет од 200bhp.

kawasaki zx25r 11

Кога ќе ја стартувате оваа машина, ве чека пријатен звук од задниот дел. Напред има две LED светла, суперспорт линии како и USD 37mm Showa вилушки. Овој мотоцикл изгледа многу поегзотично од сите алтернативи кои во моментов ги има на пазарот во Велика Британија.

Висината на седиштето изнесува 785 милиметри (исто како и кај Kawasaki Ninja 400), а има и поголеми држачи за стапалата. Напред има и аналогна табла инспирирана од ZX-6R а тука е и задната вилушка која наликува како онаа кај Suzuki RGV250. Слично како и кај поголемите Ninja 650 и Z650, и тука рачките можат да се прилагодат.

Но она што навистина го издвојува од А2 машините е неговиот фантастичен мотор, иако е помалку практичен од оние кои имаат двојно помаку цилиндри. Опремен со up/down менувач и крајна граница од 17,000rpm, 25R сепак има фантастичен звук.

Овој мотоцикл легално можете да го возите по улица без да ја ризикувате вашата возачка дозвола. Иако би сакале, сепак не се надеваме дека оваа машина наскоро ќе ја видиме во Европа.

Спецификации: Kawasaki Ninja ZX-25R

Engine 249cc liquid-cooled four-cylinder

Front brake 1 x 310mm disc with single radial caliper

Rear brake 220mm disc with one piston caliper

Seat height 785mm

Power 44bhp/50.3bhp

Torque 15.5ftlb

Weight 182.2kg

Fuel capacity 15 litres

Back To Top