CFMoto продолжува со својот агресивен и убедлив напад на Европските и светските пазари. 

250 clx 1

По урнек на веќе успешниот и позитивно примен 700 CL-X кој имавме прилика и да го возиме есеноска во Скопје, кинескиот партнер на KTM ја користи веќе докажаната рецептура и на база на помалиот CFMoto 250 NK решија да понудат модел кој ќе ги задоволи младите урбани возачи кои сакаат да се „возат” на ретро бранот но сепак да изгледаат современо. 

Новиот 250 CL-X дебитираше во Индија и веднаш, на прв поглед е јасно дека целосниот изглед го презема од својот поголем брат. Како најкарактеристичен и стилски препознатлив елемент 250 CL-X ќе го има истиот дизaјн на предниот фар. Округло LED светло опкруженo со препознатливиот различно осветлен X. Линиијата која ги врзува резервоарот, истакнатото седиште и задниот дел јасно ја истакнуваат спортската естетика на моторот. 

250 clx 3

Што се однесува до техничките карактеристики како и 250 NK агрегатот е со 249 кубни сантиметри, еден цилиндар, водено ладење и 28 КС. CFMoto 250 CL-X има различни модови за возење и т.н. slipper clutch за дополнително помазно искуство низ градските метежи. 

Позицијата на седењето е поисправена а покрај целосниот LED пакет за осветлување тука се и дигиталната инструмент табла, ABS, KYB суспензија и диск сопирачките напред и назад. 

И покрај тоа што CFMoto нема најавено цена ни за европскиот но ни за азискиот пазар, сепак не би изненадило набрзо да понудат слична верзија на оваа изведба на нивната 300cc платформа што би значел нов 300 CL-X, но останува да видиме.

Досега сведочиме на брза реакција и навремена понуда на новите CFMoto модели на нашиот пазар, CL-X верзиите секако се атрактивни и за нашиот пазар па зголемената понуда може да резултира и си поголема застапеност на овој бренд на локалните улици. Малите стилски мотори се во особен подем, конкуренцијата локално не е голема, па логично е да очекуваме збогатена понуда во периодот кој следува. 

Back To Top