Нов обид за размрдување во класата во која, според продажните податоци, доминира популарниот моделот BMW R1250GS

TriumphTiger1200

Помала работна зафатнина и помала тежина за повеќе задоволство? Не сме навикнати на ваков пристап во оваа мегаломанска ера, во која мобилните телефони се приближуваат во димензиите на таблети кои го покриваат скоро целото лице дур се разговара. Бизарно.

Британците со најновата генерација на Tiger одлучуваат да тргнат од празен лист хартија и да се обидат да го симнат од врвот германскиот боксер од тешка категорија моделот R 1250GS . Потполно новиот троцилиндарски мотор е сега со зафатнина од 1160cm (претходно 1215cm), но затоа нуди 9 КС повеќе, па сега развива 150 ”коњи” на 9.000 вртежи, додека пак корисната моќ изнесува 130Nm при 7.000 вртежи во минута. Значи брои повеќе “коњи” од GS-от, но нешто понизок вртежен момент. Овие бројки се производ на новата T-plane архитектура на моторот која овозможува повеќе “торк” на пониски вртежи, налик на двоцилиндрашите со слична зафатнина, но сепак задржување на повисоката снага на виски вртежи, карактеристика на троцилиндарските мотори. Подолу се наоѓа објаснување за сето ова. Во основа ова е рецептурата која Honda ја практикуваше во MotoGP во 90-тите попозната како Big Bang ефект сѐ со цел подобра контрола на испораката на моќ и поголема искористливост на истата при наглото додавање на гас. 

triumph tiger engine

Моторот е исто така поставен и понапред во рамката, со тоа што ладилникот е сега поделен на два одделни странични ладилници, овозможувајќи уште подобар баланс и маневарски способности. 

triumph tiger engine 2

Уште една голема предност во однос на претходниот модел, па и на конкуренцијата, е пониската тежина за околу 25kg, па сега тежи помеѓу 240-261kg зависно од изведбата затоа што новата генерација брои дури 5 изведби. Групирани како GT изведба, прилагодена за асфалт и Rally изведби за излети надвор од облежаните патишта, варира и опремата на моделот Tiger 1200. Па така цивилната верзија вози на бандажи 19/18” напред/назад, додека теренската варијанта вози на 21/18 цола.

Истото се однесува и на суспензијата која ја испорачува јапонскиот џин Showa, електронски управувана полуавтоматска со од од 220mm кај Rally верзиите, односно 200mm кај GT. 

И резервоарите (алуминиумски) за гориво се разликуваат според потребите, па така оној што има помала веројатност да види бензиска пумпа има капацитет од 36l, односно 24l кај GT верзијата.

Преносот е кардански како што и доликува на ваква моќна машина која ќе се вози по секаков терен. Покрај издржливоста, карданот гарантира и полесно одржување заради затворениот систем.

Самата рамка е комбинација на алуминиум и челик, а модуларноста овозможува полесна замена на оштетен дел од рамката со лесно отшрафување и зашрафување на оштетната цевка од рамката.

Задната двојна вилушка допринесува до намалувањето на вкупната тежина затоа што ја заменува масивната моно вилушка.

Back To Top