Piaggio ја престави линијата на скутери Beverly за сезоната 2021.

Таа ќе се состои од две машини со средна големина и кои имаат А2 лиценца. Од компанијата велат дека тие ја комбинираат агилноста, која ја имаат урбаните мотоцикли, со перформансите и управувањето по кои е познат поголемиот GT.

Двете машини ќе го заменат актуелниот Beverly 300, кој полека заминува во историјата поради се построгите правила за емисија на штетни гасови. Достапни како standard и sportier Beverly S модели, овие скутери ќе бидат со 300cc или 400cc four-valve singles, ќе имаат повеќе технологија, нов изглед и променети делови на шасијата.

piaggio beverly 300 2

Двата скутери ќе имаат мотор со течно ладење. Новата 300cc верзија има 25.5bhp при 8000rpm, што преставува зголемување за 23% во однос на актуелниот модел. Максималниот вртежен момент е исто така зголемен за 15%. Новиот 400cc пак има 34.9bhp при 7500rpm и 27.8lbft при 5500rpm.

Има промени и кај шасијата која сега има тубуларна рамка која работи заедно со 35mm Showa вилушките и прилагодливите, двојни, амортизери за да се обезбеди квалитетно возење. Бандажите се изработени од лесна легура и имаат свеж, „seven-spoke“ дизајн. Предното тркало е 16 инчи додека пак задното е 14 инчи. Целата каросерија е достапна во неколку бои.

Скутерите имаат и LED светла, старт без клуч, 5.5 инчен LCD екран и можност да го поврзете мобилниот телефон.

Back To Top