(Време на читање: 1 - 2 минути)


Валентино Роси има за цел да се бори за место на подиумот на трката која овој викенд ќе се вози во Аргентина.

Валентино Роси се надева дека нема да му се повторат истите работи со кои се соочи минатата година за време на трката во Аргентина. 40 годишниот возач имаше уште еден добар настап на трката во Катар откако од четиринаесетата позиција успеа да дојде до петото место. Тој беше најбрзиот возач на Yamaha а од најдобриот возач го делеа само 0.6 секунди.

Ова за Роси ќе биде 223-та трка и се надева дека повторно ќе се најде на врвот.

„Уживав на трката во Катар но сега мораме да се фокусираме на Аргентина“, вели Роси. „Прво, се надеваме дека ќе има добри услови на патеката бидејќи тоа е најважно. Второ, се надеваме дека и временските услови ќе бидат добри.“

https://www.facebook.com/MotoGP/videos/10156745917950769/

Минатата година Роси беше на шестата позиција се до моментот кога се судри со Марк Маркез. Шпанецот доби казна а веднаш по трката Роси го обвини Маркез за инцидентот.

„Минатата година трката беше неверојатно тешка. На некои места патеката беше сува а на некои влажна. Се надевам дека оваа сезона условите ќе бидат подобри,“ изјави Роси.

„Ќе дадам се од себе и ќе се обидам да се искачам на подумот.“

„На фановите можеби им беше интересен целиот хаос кој се случуваше пред почетокот на трката минатата година, но се надеваме дека оваа година ќе биде поинаку,“ додаде тимскиот директор Масимо Мерегали.

„Знаеме дека оваа патека му одговара на нашиот мотоцикл а и нашите возачи исто така уживаат на оваа патека. Се надеваме дека ова ќе биде уште еден интересен викенд и дека ќе постигнеме добар резултат.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: