Во пресрет на Големата награда на Сан Марино и Ривиерата, MotoGP и FIBA организираат несекојдневен настан кој ќе ги спои мотоциклизмот и кошарката. На 9 септември, Пјацале Кенеди во Римини ќе биде домаќин на „FIBA 3x3 MotoGP Showcase“.
Настанот ќе започне во 17:30 часот и ќе вклучува егзибиција во забивање, по што ќе следува 3x3 натпревар со неколку познати MotoGP возачи.
На теренот ќе се појават двократниот MotoGP шампион Франческо Бањаја, Марко Бецеки и Франко Морбидели. Морбидели ќе предводи еден од тимовите, додека во противничкиот состав ќе играат Бањаја и Бецеки.
Во натпреварот ќе учествуваат и 3x3 кошаркарот Џорџо Ди Бонавентура и креаторот на содржини Лука Камполунги, а дополнителни имиња ќе бидат објавени непосредно пред настанот.
Од FIBA велат дека соработката е можност 3x3 кошарката да се претстави пред нова публика, додека од MotoGP најавуваат дека настанот ќе биде дел од воведот во тркачкиот викенд за Големата награда на Сан Марино.

Коментари