(Време на читање: 1 - 2 минути)


Андреа Довициозо смета дека неколку возачи ќе бидат дел од борбата за MotoGP титулата.

Андреа Довициозо смета дека нема само тој и Марк Маркез да се борат за титулата туку дека уште неколку други возачи ќе се вклучат во трката. Во моментов, лидерот на табелата го делат само девет поени од Маркез кој се наоѓа на четвртата позиција. Италијанецот вели дека неколку возачи ќе бидат дел од борбата за титулата во сезоната 2019, нешто што ја прави неговата цел, освојување на првата титула, уште потешко.

„Задоволен сум од резултатот кој го постигнавме во Остин бидејќи во саботата имавме мали проблеми. Но за среќа имавме добар старт и успеав да ги надминам проблемите“ , изјави Довициозо. „Среќен сум што доаѓам на оваа патека со предност во генералниот пласман.“

„Во споредба со минатите сезони, оваа година има многу брзи возачи, не сме само јас и Марк. Ќе биде тешко но верувам дека имам шанси. Мислам дека сум компетитивен.“

Doviciozo Jerez Txt 03 05

Довициозо сега сака што е можно побрзо да дознае како новиот асфалт на дел од патеката во Херез ќе влијае на неговиот Ducati GP19 и пневматиците на Michelin. На оваа трка, францускиот производител наместо стандрадните три сета на предни и задни пневматици, ќе донесе четири сета на гуми. Од последниот тест кој се одржа во ноември, патеката во Херез доби нов аслафт на неколку клучни делови.

„На оваа трка никогаш не знаете што може да се случи. Минатата година имавме добра брзина но оваа сезона има нов слој на асфалт на патеката и мислам дека тоа ќе влијае на сите возачи. Да видиме само дали тоа ќе биде позитивно или негативно.“

„Мислам дека оваа година ќе биде поинаку бидејќи целата ситуација е поинаква. Асфалтот сигурно ќе има влијание но освен тоа не гледам друга причина зошто не би биле компетитивни тука.“

Досега на оваа патека Довициозо никогаш не се искачил на подиумот а најдобар резултат му е петото место до кое успеа да стигне во 2012, 2014 и 2017 година.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: