MotoGP сезоната 2018 само што не започнала но сепак за среќа има доволно време за Aprilia да ни го претстави мотоциклот со кој ќе настапи во претстојната сезона.
На презентацијата, тимот ја претстави новата алуминиумска рамка заедно со задната вилушка која е изработена од јаглеродни влакна. Воздушната кутија како и издувниот систем се исто така нови. Ова и овозможува на Aprilia да извлече повеќе од 270 коњски сили од својот четири цилиндричен мотор.

Меѓу другите промени се и новиот аеродинамичен пакет кој е многу тешко да не се забележи. Модификувана е и предната суспензија и сега таа користи Öhlins TSB46 вилушка.
Сите овие работи секако дека ќе еволуираат во текот на сезоната но вреди да се напомене дека Aprilia функционира со само дел од буџетот со кој располагаат другите тимови. Но и покрај тоа, брендот од Ноале во изминативе неколку сезони постигна добри резултати, а очекуваме дека така ќе продолжи и во иднина. Дел од тимот следната сезона ќе бидат Алеш Еспаргаро и Скот Рединг.

Коментари