Заклучно со 23 јануари, само неколкумина возачи на актуелниот MotoGP грид имаат договори што важат до крајот на сезоната 2027.
Клучно е што ниту еден од тие договори не се однесува на возачи во фабрички тимови. Во моментов, само Жоан Зарко и Диого Мореира (двајцата со договори со HRC) имаат важечки договори со LCR за 2027, додека Топрак Разгатлиоглу од Прамак има повеќегодишен договор.
Кој каде ќе заврши во 2027-ма?
Пред отворањето на сезоната на 1 март во Тајланд, сите места во фабричките тимови се слободни за новиот циклус на регулативи што започнува во 2027.
Актуелниот шампион Марк Маркез изјави за време на презентацијата на Дукати дека очекува главните имиња на пазарот на возачи да имаат договори склучено до почетокот на сезоната во Тајланд. Идејата е дека возачите со највисок приоритет на крајот ќе го одредат изгледот на остатокот од гридот во 2027, при што нивните договори ќе го покренат домино-ефектот што ќе ги одреди иднините на другите возачи.
Марк Маркез
Најочигледното име на врвот на листата на слободни агенти на пазарот на возачи е актуелниот светски шампион Марк Маркез, кој доминираше во 2025 со Дукати и ја освои својата седма светска титула, пет години по тешката повреда на раката.
Нема многу сомнеж дека Маркез ќе остане фабрички возач на Дукати и во 2027. Последниот извештај на Motorsport тврди дека договор веќе е постигнат, со што Маркез ќе остане на фабричката машина на италијанскиот производител до крајот на 2028.
Секако, секоја одлука што Маркез ќе ја донесе за својата иднина ќе има огромни последици врз тоа како ќе изгледа остатокот од гридот. Тоа веќе беше докажано во 2024, кога тој успеа да се избори за фабрички договор со Дукати на сметка на Хорхе Мартин (кој потпиша за Априлија) и тимот на Прамак (кој премина на Јамаха).
Педро Акоста, © Gold and Goose
Педро Акоста
Влегувајќи во својата трета MotoGP сезона во 2026, угледот на Педро Акоста останува исклучително висок и покрај тоа што сè уште нема победено трка.
Вториот дел од сезоната со KTM беше недвосмислен доказ за влијанието што може да го има врз еден тим, особено врз тим кој сè уште нема мотоцикл способен за борба за титули. Затоа, премин на поконкурентна машина речиси гарантира успех и за Акоста и за тимот што ќе го обезбеди неговиот потпис.
Поврзуван со VR46 Ducati и Honda на почетокот на минатата година, во период кога неговото незадоволство од застојот во развојот на KTM кулминираше, Акоста сега се споменува на повеќе страни како возач кој би можел да потпише договор и да стане тимски колега на Марк Маркез.
Ако тоа се оствари, двете фабрички места во Ducati би биле пополнети, оставајќи го Пеко Бањаја без место и отворајќи можност некој како Фермин Алдегер да биде „украден“ од конкурентски фабрички тим.
Доколку Акоста потпише на друго место, постојат повеќе имиња кои ќе се борат да го добијат вториот GP27 покрај Маркез.
Фабио Квартараро, © Gold and Goose
Фабио Квартараро
Влегувајќи во својата осма година со Јамаха во 2026, времето на Фабио Квартараро со брендот донесе далеку помалку отколку што заслужуваат неговите таленти. Освен титулата во 2021, имаше многу помалку врвни моменти од очекуваното, бидејќи брзината на Французинот не беше поддржана со постојано конкурентна машина.
Последниве неколку години, особено, тој добиваше лоши мотоцикли од кои извлече повеќе отколку што сите негови колеги од Јамаха успеаја заедно. Во 2025 година, тој освои 201 поен, додека останатите тројца возачи на Јамаха заедно собраа 190.
Преминот на Јамаха кон V4 мотор за 2026 се надева дека ќе ја врати на врвот на гридот. Но временската рамка за тоа е во целосен судир со Квартараро, кој годинава полни 27 години, и неговите амбиции за брз успех.
На претставувањето на боите на Јамаха во јануари, шефот на тимот Масимо Мерегали изјави дека сè уште не се воделе разговори со Квартараро за можен договор за 2027. Изгледа малку веројатно дека партнерството ќе продолжи.
Квартараро беше поврзуван со Хонда, Априлија и Дукати во текот на оваа пауза меѓу сезоните, при што сите три би добиле еден од најквалитетните возачи на гридот доколку успеат да постигнат договор.
Марко Безеки, © Gold and Goose
Марко Безеки
Речиси е невозможно да се замисли сценарио во кое Марко Безеки не останува во фабричкиот тим на Априлија.
Неговите три победи и третото место во генералниот пласман минатата година дојдоа во момент кога тој значително се издигна во улогата на лидер на Априлија — улога што првично беше замислена за Хорхе Мартин.
Генералниот директор на Априлија, Масимо Ривола, кон крајот на минатата година изјави дека продолжувањето на договорот со Безеки е приоритет. Тоа стана уште поважно по неговото признание на претставувањето на боите овој месец дека конкурентските производители нудат „многу пари“ за Безеки.
Вредноста на Безеки значително порасна во последните 12 месеци. Брзината со која му парираше на Маркез, како и силната работа што ја вложи во развојот на RS-GP, го прават еден од најпосакуваните возачи на пазарот за 2027.
Пеко Бањаја
Со сите гласини околу фабричкиот тим на Дукати, изгледа дека времето на Пеко Бањаја во „болоњската црвена“ е при крај пред сезоната 2026. Несомнено, неговата разочарувачка сезона во 2025, во која победи само на две трки и заврши петти во генералниот пласман, нанесе непоправлива штета на неговите надежи да остане во тимот.
Сепак, тој е двократен светски шампион во MotoGP. И во оваа фаза, 2025 може да се смета како можен краткотраен пад во формата на возач кој инаку постојано беше меѓу најсилните на гридот.
Со оглед на неговото познавање на Дукати, брендот веројатно би сакал да го задржи на некој начин, можеби со преместување во фабрички поддржаното место на Фабио Ди Џанантонио во тимот на неговиот ментор Валентино Роси.
Но Бањаја ќе биде име за кое конкурентските фабрики сигурно ќе разговараат, доколку можат да го добијат по вистинската цена. Со оглед на неговиот пад во формата минатата година, тој нема да влезе на пазарот во истата позиција како претходниот пат, кога штотуку имаше освоено две титули по ред.
Сепак, ако сте производител што се мачи или конкурентен тим со силен втор возач, Бањаја е ризик што вреди да се преземе.
Хорхе Мартин, © Gold and Goose
Хорхе Мартин
Во ситуација слична на онаа на Пеко Бањаја, позицијата на Хорхе Мартин на пазарот на возачи за 2027 претрпе удар по тешката сезона 2025.
Како големо и скапо засилување на Априлија претходното лето, Мартин настапи само на седум трки минатата сезона поради низа повреди. Спорот околу договорот со Априлија, во период кога тој наводно се обидувал да издејствува премин во Хонда, сигурно не оставил добар впечаток кај некои шефови на фабричките тимови.
И понатаму е веројатна опција за Хонда, особено ако не успее да го обезбеди Педро Акоста. Од Априлија велат дека би било добро да го задржат Мартин доколку се покаже оваа година, бидејќи сепак е светски шампион.
Сепак, по се изгледа тој ќе го пропушти првиот пред-сезонски тест, а кога се обидуваш да си обезбедиш најдобар можен договор по разочарувачка сезона како 2025, ситуацијата станува многу покомплицирана.
Фермин Алдегер, © Gold and Goose
Фермин Алдегер
Младиот бисер на Дукати се покажа како неверојатно добра инвестиција во својата дебитантска сезона, освојувајќи ја првата победа на Големата награда на Индонезија.
Одличното возење низ целата сезона ја зголемија вредноста на Фермин Алдегер, кој ги отфрли сомнежите што се натрупаа по неговата бледа последна година во Moto2.
Кога беше потпишан од Дукати, требаше да заврши во Прамак со фабричка опрема. Тоа никогаш не се случи, и до крајот на 2026 тој ќе има две години поминато на постари мотоцикли. Тие и понатаму се конкурентни машини, но Алдегер со право ќе смета дека веќе заслужил шанса за фабрички мотор во 2027.
Неговото познавање на Пирели гумите од Moto2 ќе биде корисен адут за секој производител. Со оглед на тоа што фабричкиот тим на Дукати најверојатно ќе биде Маркез/Акоста, брендот сè уште има начини да го задржи Алдегер во своите редови, бидејќи има опција во договорот за уште две години.
Сепак, постои ризик да го загуби доколку примамливоста на фабричко место во друг тим биде преголема. На само 20 години, Алдегер претставува огромен потенцијал за секој бренд доколку продолжи со развојот по истата линија.
Сериозна повреда во претсезоната ја усложни неговата ситуација, но малку е веројатно дека тоа ќе го остави без понуди.
Алекс Маркез, © Gold and Goose
Алекс Маркез
Сезоната 2025 на Алекс Маркез беше подобра од сè што претходно имаше постигнато во тркачката кариера, вклучувајќи ги и неговите шампионски години во Moto2 и Moto3.
Трите победи и вицешампионската позиција во генералниот пласман му ја донесоа улогата на „осигурување“ на Дукати во случај Марк Маркез да направи грешка или да се повреди. Фактот што го постигна тоа на постара машина му обезбеди фабрички GP26 за оваа сезона.
Од него ќе се очекува многу слично, ако не и повеќе, и оваа година. Со 30 години, шансите Алекс Маркез повторно да се приклучи на фабрички тим по неговата единствена сезона со Хонда во 2020 стануваат сè помали.
Задоволен со својата средина во Гресини, тој и понатаму може да стане фабрички договорен возач на Дукати и да остане таму каде што е. Во моментов, тоа изгледа како најреална опција.
Но тешко е да се замисли дека другите фабрички тимови нема да покажат интерес за помладиот брат Маркез, а вистинската понуда би можела да го натера да размисли за заминување.
Лука Марини
Од актуелната постава на фабричкиот тим на Хонда, Лука Марини направи многу повеќе од доволно за да заслужи да остане со брендот и по оваа година.
Иако неговата прва сезона на моторот беше помалку импресивна, во 2025 тој направи значителен чекор напред и стана постојан кандидат за пласман во топ 10 на сè подобриот RC213V. Неговиот тимски колега Жоан Мир можеби беше побрз во апсолутна смисла, освојувајќи две подиуми кон крајот на сезоната, но преголемиот број падови го чинеше многу поени.
Хонда посакува да привлече големи имиња, што беше очигледно и со ситуацијата со Хорхе Мартин минатата година.
Продолжувањето на договорот на Жоан Зарко за уште две години во LCR обезбедува искусна рака во тимот за преминот на моторите од 850cc. Хонда го цени аналитичкиот пристап на Марини кон развојот, што го прави силна опција да остане.
Во зависност од тоа како Диого Мореира ќе се покаже во LCR, дебитантот би можел да добие место во фабричкиот тим покрај некое поголемо засилување. Во таков случај, Хонда би можела да сака да го задржи Марини и да го премести во LCR.
Но со оглед на тоа што силните развојни возачи ќе бидат многу барани на пазарот за 2027, времето на Марини во Хонда би можело да донесе понуди и однадвор од HRC.
Маверик Вињалес, © Gold and Goose
Маверик Вињалес
Со тоа што го зема Хорхе Лоренцо како личен тренер, Маверик Вињалес или тргнува кон најдобрата сезона во својата MotoGP кариера, или кон голем судир со трикратниот светски шампион во кралската класа.
Но првата сезона на Вињалес со KTM во Tech3, иако нарушена од повреди, го врати поблиску до возачот кој блесна во Сузуки и во својата прва сезона со Јамаха во 2017. Со оглед на тоа што KTM најверојатно ќе го загуби Педро Акоста за 2027, а остатокот од неговата постава беше разочарувачки минатата година, Вињалес може многу да добие во претстојниот циклус на договори.
Несомнено, KTM ќе сака да го задржи. А ако повторно се истакне таму каде што Енеа Бастијанини и Бред Биндер се мачеа, KTM ќе има поголема потреба од него од кога било.
Но неговото искуство со KTM, Сузуки, Јамаха и Априлија е нешто што нема да помине незабележано на пазарот. Она што ќе го спречи да биде приоритетна мета е неговата возраст (во јануари наполни 31 година) и неговата непостојаност во изминатата деценија во кралската класа.
| Возачи кои имаат потпишан договор за 2027 | ||
|---|---|---|
| Возач | Тим | Договор |
| Топрак Разгатлиоглу | Prima Pramac Racing | Yamaha договор до крајот на 2027. |
| Жоан Зарко | LCR Honda Castrol | HRC договор до крајот на 2027. |
| Диого Мореира | LCR Honda Idemitsu | HRC повеќегодишен договор (до крајот на 2028). |
Извор: crash.net




Коментари