(Време на читање: 1 - 2 минути)


Марк Маркез вели дека Довициозо бил побрз возач. Протестот после трката го одбележа стартот на новата сезона.

Марк Маркез можеби загуби за само 0.023 секунди на трката која се возеше во Катар, но возачот на Repsol Honda ја отфрли можноста да му биде доделена победата по протестот кој се оддржа по завршување на трката.

Зборувајќи пред оддржувањето на протестот против употребата на додатокот на задната вилушка, кој најпрво беше забранет од стјуардите на FIM а потоа одобрен од првите луѓе на MotoGP , Маркез изјави:

„Се обидов да дадам 100 проценти. Но денеска на патеката имаше еден возач кој беше побрз од мене. Тоа беше Довициозо и тој ме победи.“

Протестот на фабричките тимови на Aprilia, KTM, Honda и Suzuki беше против додатокот на GP19 машините на Довициозо, неговиот тимски колега Данило Петручи и Џек Милер.

Довициозо, кој досега немаше време да го испроба новиот дел, изјави дека за време на трката не забележал никаква промена.

Marquez Qatar GP Txt 11 03

Се верува дека додатокот го насочува воздухот директно врз задната гума и со тоа се спречува прегревање. Сепак, во саботата Петручи не сакаше да ја открие вистинската намена на овој дел.

„Не можам да ви одговорам бидејќи Џиџи се лути“, изјави Петручи. „На телевизија видовме дека неговата намена е да ја намали температурата на задната гума. Но сметам дека тоа не е вистинската причина.“

„На предниот дел има уште еден додаток. Знам за што станува збор но поради договорот не смеам да ви откријам.“

„Мотоциклот има одредени промени но тие не се онакви какви што очекувавме.“

Во меѓувреме, Маркез не сакаше да ја обвини повредата на рамото за неуспехот кој го постигна на патеката.

„Тоа не ми пречеше“ , изјави тој. „Трката беше лесна бидејќи темпото на почетокот беше многу бавно. Тоа ми одговараше но исто така беше добро и за пневматиците.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: