(Време на читање: 1 - 2 минути)


Џек Милер и Франческо Бањаиа ги преставија новите бои на 2019 MotoGP Alma Pramac Ducati.

Веднаш по завршувањето на последниот предсезонски тест кој се оддржа во Катар, Џек Милер и Франческо Бањаиа заминаа во Милано каде ги преставија боите на новиот Alma Pramac Ducati. И во иднина остануваат црвената, белата и сината боја но сега со нов дизајн.

Откако Данило Петручи замина во фабричкиот тим на Ducati, Милер премина на мотоциклот со фабрички спецификации а дебитантот во премиерната класа, Франческо Бањаиа ќе настапи со GP18.

Alma Pramac Ducati Txt 1 28 02

И двајцата возачи имаа одличен настап за време на зимските тестови, вклучувајќи го тука и рекордот кој го поставија на патеката во Сепанг. Екипата и во новата сезона ќе се обиде да го задржи статусот за најдобар независен тим.

„Сезоната 2018 ни даде одлична сатисфакција бидејќи ја освоивме титулата за најдобар независен тим“, изјави шефот на тимот Паоло Чампиноти. „Со тоа што потврдивме дека Џек Милер ќе остане во тимот и ќе настапи со Ducati Desmosedici GP 2019 и тоа што во иднина ќе го имаме и актуелниот Moto2 шампион, Франческо Бањаиа, во 2019 година ќе се обидеме да потврдиме дека припаѓаме тука.“

„Многу сме среќни што ќе влеземе во оваа авантура со новиот фантастичен изглед кој го дизајнираа во „Centro Stile Lamborghini“. Сигурни сме дека тие креираа победничка комбинација. Нас ни преставува огромна чест што ќе бидеме амбасадор на два светски познати брендови кои доаѓаат од Италија.“

„Ова е навистина важна сезона за мене“ , изјави Милер. „На располагање ја имам официјалната верзија на Ducati Desmosedici GP и морам да покажам дека можам да бидам компетитивен и да се борам со најдобрите возачи.“

„Исто така ќе можам да сметам на поддршката на мојата екипа со која во изминатиов период изградивме одлична соработка. Сега е ред да направиме чекор напред во однос на резултатите. “

Alma Pramac Ducati Txt 28 02

„Пресреќен сум што ќе почнам нова авантура со тим кој уште од самиот старт е компетитивен и има големи амбиции“, додаде Бањаиа.

„Ова се многу важни фактори за мене. Бевме добри за време на тестовите и од круг во круг резултатите се подобруваа. Се наближува првата Гран При трка и со нетрпение очекувам да се качам на мотоциклот.“

Тимот на Pramac Ducati ќе се врати на патеката во Катар следната недела за првата трка од сезоната.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: