(Време на читање: 1 - 2 минути)


Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Ваквата изјава на Рид следува откако се појавија гласини дека Ducati тестира ваков уред на патеката во Сепанг. Стандарден дел од оф роуд трките во изминативе две децении, Рид вели дека следен чекор e тој да се примени и на тркачката патека.

„Ваквиот уред го користиме во Суперкрос уште од 2001 година и затоа ме изненадува што ниту еден тим во MotoGP досега не го употребил. Досега не сум возел ниту една трка во MotoGP, но во Суперкрос, невозможно е да почнете една трка без него. Нема негативни работи, едноставно е подобар во секој аспект.“

MogoGP Holeshot Txt 1 19 02

„Можам да видам позитивни но и негативни работи од користењето на овој уред во MotoGP. На пример во Суперкрос, до нас имаме механичари кои ни помагаат. Суспензијата ја користиме многу почесто и затоа има поголеми шанси да се заглави. Тука ќе треба малку покомпликуван систем за да се осигураме дека се ќе биде како што треба.“

„Возачите во MotoGP се пониски и ова дефинитивно ќе им помогне нив за подобро да ја распределат тежината. Тоа значи дека помалку ќе ја користиш електрониката и повеќе ќе се потпреш на механичката помош.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: