„Доколку имаш можност, зграпчи ја. Јас сакав да бидам фабрички возач со Дукати, но тоа не беше возможно заради мојата возраст. Со Дукати свирите на виолина, со БМВ, тапани.“ - извадоци од интервју со Петручи.
Данило Петручи без сомнение е еден од највозбудливите возачи во сезоната 2026 во Супербајк. Петрукс започнува одново со BMW, а околу неговата улога во преземањето на штафетата од Топрак Разгатлиоглу има големо исчекување и љубопитност.
Во пресрет на тестовите, Петрукс разговарање со GPOne а ние пренесуваме дел од неговите одговори.
На Филип Ајленд, моторите веќе рикаат и се подготвени за старт, а Данило со нетрпение чека да види како ќе се покаже со германскиот мотоцикл.
„Мислам дека ова е втор пат како носам фабрички бои,“ вели тој. „Сè уште треба да се навикнам на овие бои. Љубопитен сум да се бидам во акција со BMW, со новата боја и на сонце. Ќе биде првпат. За жал, зимата не беше лесна, бидејќи не возевме многу. Моторот се покажа конкурентен во тие услови, но никогаш не ги ставивме гумите за дожд во 2025, па тоа не беше многу информативно. Меѓу сега и вторник, конечно ќе имаме можност да возиме во суви услови. Ќе биде жешко, ќе биде тешко, бидејќи сè уште не ја познаваме доволно M 1000 RR. Но чекор по чекор, ќе стигнеме таму.“
Што е разликата од Ducati до BMW?
Брендот. Исто така, едниот се прави во Борго Панига̀ле, а другиот во Берлин,“ се пошегува тој. „Шегата на страна, тоа се два многу различни мотоцикли. Тоа е како да пишуваш со десната рака и со левата. Ducati е како да свириш виолина. BMW е како да свириш тапани. На BMW треба поголема употреба на слиа, да бидеш поагресивен. Многу е стабилен, направен за силно кочење. Има одлични карактеристики, а некои сегменти бараат прилагодување. Но, ми се допаѓа.
Данило, каква беше твојата прва реакција по тестот во Херез во ноември?
BMW-то ме изненади. Однадвор изгледаше агресивен, нервозен мотор, но испораката на моќност е мазна и контролирана, што овозможува неверојатно кочење. Имав можност да ги проучувам податоците на Топрак, и тоа е важна референтна точка.
Дали овој предизвик е поголем од оној во Ducati MotoGP со фабричкиот тим?
Во некои аспекти е сличен, во други различен. Сигурно преземам тешко наследство, и ова е веројатно еден од најголемите спортски предизвици во мојата кариера. Кога се приклучив на фабричкиот тим на Ducati, веќе ја знаев средината, бидејќи претходно бев со Pramac и веќе ја имав официјалната машина. Се сеќавам дека го заменив Лоренцо. Тој тогаш се мачеше. Кога дојдов во фабричкиот тим, многумина мислеа дека нема да траам долго, но потоа годината испадна одлична, до тој степен што договорот ми беше обновен. Тука, пак, е многу различно: нов мотор, нов тим, нов контекст. Очекувањата се високи, бидејќи зборуваме за тим кој ја освои светската титула. Тоа прави сè да е потешко, иако сум смирен. Подоцна, можеби, кога ќе дојдат првите проблеми, ќе се изнервирам. Ова е избор направен за да разберам на кое ниво сум стигнал во кариерата.
Дали побара совет од Топрак последниве недели?
Не, бидејќи имаме различни стилови и позадини, а тој никогаш не возел Ducati, па нема споредба. Но, разговаравме, и морам да кажам дека ми изгледаше многу природен.
Може ли нешто да пренесеш од Ducati во BMW?
Не, тоа се два целосно различни мотоцикли. Единственото нешто исто се Pirelli гумите. По четири години со Panigale, имав развиено прецизни рефлекси. Тука мораш да ги разбереш границите, да кочиш силно и да користиш многу физичка сила. Овој мотор ти го дозволува тоа, но мораш да разбереш каде и како. Не сакам премногу да го менувам, бидејќи со овој мотор победија. Но морам и да го прилагодам на моите потреби.
Данило, сигурно ги проучуваше податоците на Топрак?
Се разбира! Од првиот состанок во Монако, многу го проучувавме неговиот стил на кочење, кој е многу специфичен. Тој правеше неверојатни маневри при кочење, а моторот е изграден за да му го овозможи тоа. Тој е важна референца за нас. Тука е и Мигел, кој доаѓа од MotoGP. Брз е и има многу искуство. Мислам дека можеме да се туркаме напред еден со друг.
Вергани рече: „Дал’Иња секогаш бил приврзан, но строг со Петручи.“ Се согласуваш?
Гиџи секогаш бил строг, но праведен. Тој има инженерски начин на размислување и се фокусира на резултати. Џиџи, како сите шампиони, е немилосрден. И ако види подобра можност, ја зема, така и треба да биде. Би сакал да бидам фабрички возач и во Супербајк со Ducati, но немаше можност, можеби и поради моите години. Имав три прекрасни години со тимот на Barni и сум им благодарен. Сега сакам да постигнам успех тука.
Данило, веќе се зборува за пазарот во MotoGP. Што мислиш за тоа?
Никогаш не ми се допаѓало да читам за трансфер пазарот пред да почне шампионатот. Воопшто не е убаво, и го мразев тоа. Како возач, тоа е многу вознемирувачко. Мислам на тоа дека знаеш дека некој може да ти го земе местото или дека ќе одиш на друго место пред да почне сезоната. Тоа на страна, како фан, би сакал да видам добра битка меѓу Франческо Бањаја и Марк Маркез, со оглед дека Пеко изгледаше дека е повторно во форма во Сепанг. Yamaha, пак, се мачи, а Квартараро веројатно гледа наоколу, како и Акоста. Но сега и јас ги читам вестите од новинарите, бидејќи веќе не сум во тој падок.


Коментари