(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Среќен сум што не скршив ништо. Сепак, имам голема болка“ – Фабио Куартараро ја пропушти втората тренинг сесија.

Дебитантот во MotoGP, Фабио Куартараро, мораше да ја пропушти втората тренинг сесија откако за време на првиот тренинг излета надвор од патеката. Во свиокот број шест, задното тркало на неговиот мотоцикл се лизна и Французинот незгодно падна на левиот зглоб. Куартараро мораше со носилка да биде однесен во најблиската болница на дополнителни прегледи.

За среќа не беше откриена никаква фрактура и тој ќе може да го продолжи настапот.

 DSC3950 copy

„Загубив контрола над задното тркало и потоа летнав од мотоциклот“, изјави Куартараро кој од гаражите го следеше вториот тренинг. „Имам среќа што ништо не е скршено. “

Тој ќе мора да замине на дополнителни прегледи но се надева дека ќе биде подготвен за третата сесија која ќе се одржи во сабота.

„Ќе видиме каква ќе биде состојбата утре. Во моментов многу ме боли стапалото. Жалам што не можам да настапам денеска но во исто време сум и среќен што немам поголема повреда. “

Куартараро, кој ја заврши првата сесија на седмото место, вели дека до несреќата дошло бидејќи нема големо искуство од возење на влажна патека.

„Немам многу возено на вакви услови но сепак сум задоволен. Направив грешка но во исто време научив и како да се справам со мотоциклот кога врне. На сето ова гледам како на едно добро искуство.“

После сончевата втора тренинг сесија, нов дожд се најавува за во сабота.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: