(Време на читање: 1 - 2 минути)


Маверик Вињалес постигна најдобар резултат на двете сесии кои се оддржаа во петокот на патеката во Филип Ајленд. Фабио Куартараро го пропушти вториот слободен тренинг.

Маверик Вињалес постигна најдобар резултат на двете сесии кои се оддржаа на патеката во Филип Ајленд. Фабио Куартараро го пропушти вториот слободен тренинг.

Вињалес и Маркез најизменично ги менуваа местата, а тука беше и локалниот фаворит Џек Милер. Првата сесија ја одбележа и силниот дожд кој падна на патеката. Сите возачи употребија нови, меки пневматици за да ги подобрат своите резултати.

 DSC3707

Вињалес успеа да ја задржи првата позиција откако доминираше на втората сесија и на крајот постигна време од 1 минута 28.824 секунди.  Тој настапи со тврди и меки пневматици на Michelin.

Маркез се обиде да го предизвика сонародникот но во последниот круг беше спречен да дојде до првото место од тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо успеа да се пробие до второто место а зад него беше Кал Кратчлоу од LCR Honda. Ова беше позитивен ден за Ducati. Данило Петручи се најде на четвртата позиција а Милер беше петти.

 DSC3073 copy

Фабио Куартараро го пропушти вториот тренинг откако за време на првата сесија излета надвор од патеката. Возачот на Petronas Yamaha веднаш замина во болница каде за среќа не му беше утврдена никаква повреда. Тој ќе може да настапи на Австралиската Гран При трка но ќе мора да пие лекови против болка.

Откако Лоренцо му го уништи последниот круг, Маркез на крајот мораше да се задоволи со шестата позиција, само едно место подобро од возачот на Мonster Yamaha, Валентино Роси.

Алекс Ринс од Suzuki се најде на осмото место а веднаш зад него беа Франко Морбидели и Алеш Еспаргаро.

Јоан Мир за малку не успеа да дојде до единаесетата позиција на која се најде Карел Абрахам од Avintia Ducati. Андреа Ианоне беше тринаесети додека пак Франческо Бањаиа заврши на четиринаесетата позиција и покрај тоа што не ја заврши втората сесија.

 DSC4024 copy

Јохан Зарко, кој го имаше своето деби за LCR Honda се најде на петнаесетото место. Тој успеа да го победи колегата од Repsol Honda, Хорхе Лоренцо. Пол Еспаргаро исто така не ја заврши сесијата откако излета надвор од патеката во свиокот број осум.

Мика Калио, кој настапи со фабричкиот КТМ мотоцикл се најде на осумнаесетата позиција а зад него беа возачите на Tech3, Хафиз Сиахрин и Мигел Оливеира како и Тито Рабат од Avintia Ducati.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: