(Време на читање: 1 - 2 минути)


Фабио Куартараро зборува за главните предности кои ќе ги има на трката во Тајланд.

Фабио Куартараро смета дека има клучна предност кој ќе му помогне да има подобар пласман на Гран При трката која се вози во Тајланд.  Планира повторно да се бори за бодови и да го потврди неверојатниот настап кој го има во својата дебитанска сезона во премиерната класа.

На трката во Арагон, Францускиот возач мораше да се задоволи со петото место. Сепак, оваа патека не одговара на карактеристиките кои ги има неговиот мотоцикл.  Но и покрај тоа што ова е само втора трка на патеката во Тајланд, многумина веруваат дека нејзините карактеристики одлично одговараат на предностите кои ги има YZR-M1, пред се во однос на свиоците. Правите делови од патеката повеќе одговараат на мотоциклите на Honda и Ducati.

Quartararo Thailand txt 02 10

Куартараро се надева дека ова ќе му помогне. Секако, тука е и малото искуство на останатите MotoGP возачи со оваа патека.Досега тука се има одржано само една трка и еден тест. Французинот се надева дека ќе победи во битката со Џек Милер и ќе го задржи статусот на најдобар независен возач.

„Мислам дека оваа патека  ќе ни одговара повеќе отколку онаа во Арагон бидејќи има подолги и побавни свиоци а токму тоа му одговара на нашиот мотоцикл“ , вели Куартараро. „Поискусните возачи имаат помала предност тука бидејќи ова ќе биде само втора трка на оваа патека. Затоа ќе работиме напорно за што е можно побрзо да се прилагодиме.“

„Ова е мојот омилен период од годината. Сакам да патувам а сега заминуваме во Азија и Австралија. После трката во Тајланд ќе имам можност да се одморам.“

Куартараро има предност од шест поени во однос на Милер во борбата за најдобар независен возач. Дебитантот во MotoGP се наоѓа на седмото место во генералниот пласман. На пет трки до крајот на сезоната тој заостанува 15 поени зад Валентино Роси кој е на шестото место.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: