Не се заборава лесно првата MotoGP трка во Бурирам.
А за да се збогати историјата на оваа патека, оваа година Марк Маркез ќе може тука да ја освои осмата титула во кариерата. Какви се шансите тоа да се случи? Прилично високи. Актуелниот шампион победи на оваа патека минатата сезона, а во моментов има предност од 98 поени пред најблискиот ривал. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки. За Маркез ќе биде доволно да освои само два поени повеќе од Довициозо за да ја осигура титулата.

Сепак, да се победи на една трка или пак да се освои шампионатот, не е само игра на бројки. Воопшто не е лесно да се победи Довициозо а Маркез тоа го знае најдобро. Во 2018 година Шпанецот во последниот свиок успеа да го победи Довициозо. За дојде до уште една победа, Маркез ќе мора да даде се од себе.
Минатата сезона на оваа патека добри беа и мотоциклите на Yamaha а Валентино Роси и Маверик Вињалес сигурно ќе се обидат повторно да се искачат на подиумот. Добар резултат му е потребен и на тимскиот колега на Довициозо, Данило Петручи. После неуспехот на последните неколку трки, возачот на Ducati сигурно ќе сака да се врати во посакуваната форма.
Зошто му е потребно тоа? Поради борбата за третото место со возачот на Suzuki Ecstar,Алекс Ринс. После победата на патеката во Силверстоун, Шпанецот имаше неколку неуспешни настапи и тој е уште еден возач на кој му се потребни поени.

Џек Милер исто така на патеката во Бурирам ќе сака да го искористи потенцијалот на Ducati. Три пати по ред не му дозволува на Вињалес да се искачи на подиумот а два пати успева да заврши пред Куартараро.
Импресивниот французин е главен фаворит за титулата дебитант на годината. Но тој исто така се бори и за наградата за најдобар независен возач а главен конкурент тука му е Џек Милер.Во моментов, тој има само шест поени предност во однос на Австралијанецот.

Во меѓувреме, Пол Еспаргаро и КТМ се надеваат дека ќе постигнат добар резултат на оваа трка и дека ќе ја зголемат предноста пред тимот на Aprilia во шампионатот на конструкторите. Фабриката од Ноале е блиску а ќе биде интересно и да се види каков настап ќе има Мика Калио, возачот кој го замени Јоан Зарко во КТМ.
Бидете со нас во недела, 6-ти октомври. Трката започнува во 14 часот по локално време односно 9 часот наутро по македонско време.

Коментари