Распоред за следење на МотоГП Австралија 2026
По азиската турнеја, MotoGP шампионатот пристигнува на една од најлегендарните патеки во светот на...
Како и повеќето деби настапи на MotoGP тимовите кои ги видовме во пресрет на трката во Катар, она што на прв поглед ни изгледа како тркачка платформа за 2019 година, всушност е мотоциклот од 2018 година само со нови обележја. Сепак и ова е интересно а особено откако ќе ги видите и прекрасните фотографии.
Една од поинтересните приказни кои ги следиме во пресрет на новата сезона од Светскиот Супербајк шампионат е пристигнувањето на BMW Motorrad во гаражите. За сезоната 2019, BMW склучи договор со Shaun Muir Racing а за тимот ќе настапат Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер.
Petronas SRT ги претстави новите мотоцикли со кои ќе настапат во сезоната 2019. За време на презентацијата која се одржа во Куала Лумпур, тимот покрај Yamaha MotoGP машините со кои ќе настапат Франко Морбидели и Фабио Куартараро, ги прикажа и Moto2 и Moto3 мотоциклите со кои ќе настапат Каурил Идхам односно Џон МекФи и Ајоми Сасаки.
Како што се засилуваат подготовките во пресрет на новата сезона, екипата на Pata Yamaha започна соработка со Motul кој ќе стане нивен официјален снабдувач со лубриканти. Разговаравме со првиот човек на тимот, Пол Денинг, кој ни откри како се одвиваат подготовките на тимот и како дојде до соработката со Motul.
Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година. Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.
Зимскиот период е одличен за планирање и подготовка за сезоната која следува, така е и со нашите натпреварувачи на меѓународните трки, а првиот од нив со кого разговараме за идните планови е Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).
Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.
Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.
MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.
Една патент апликација која ја забележа Бен Пурвис ни најавува дека Honda планира својата „ Variable Valve Timing “ технологија да ја примени и кај превозните средства на две тркала. Дизајните кои ќе го содржат софистицираниот VVT систем можат да се најдат кај новиот CBR модел.
Хорхе Лоренцо вели дека не е сигурен дали ќе може да се бори за титула за време на неговата прва сезона во Repsol Honda. Пет кратниот Светски Шампион се најде на насловните страни на сите светски медиуми откако одлучи да премине од тимот на Ducati во фабричката екипа на Repsol Honda. Следната година, тој ќе биде тимски колега со актуелниот шампион Марк Маркез.