Распоред за следење на МотоГП Австралија 2026
По азиската турнеја, MotoGP шампионатот пристигнува на една од најлегендарните патеки во светот на...
Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.
Симулаторите за автомобили и авиони не се нешто ново. Ги има во различни конфигурации во зависност од тоа колку планираш да потрошиш. Дури можеш и да купиш некој високо технолошки симулатор кој ги имитира движењата на вистинска машина. Сепак, да се изгради нешто такво за мотоцикл е малку покомпликувано.
Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.
Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motorcycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.
Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.
Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.
Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.
MotoGP шампионот од 2006 година, Ники Хејдн, е пренесен во болница откако доживеа сериозна сообраќајна несреќа. Според „Riminitoday“ , популарниот 35 годишен Американец, кој во моментов се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед.
Peugeot неодамна на пазарот во Велика Британија претстави две лимитирани верзии на Speedfight 4 скутерите а големи се шансите тие да се најдат во продажба и во други земји. Нивните имиња се Pure и Total Sport и имаат цена од 2,199 фунти, што е за 150 фунти помалку од LC верзијата.
За многу производители, 2017 е година исполнета со предизвици. Со воведувањето на Еуро 4 стандардот, на компаниите им останаа само два избора: да ги променат моторите и со тоа да го продолжат животниот век на производите или да дизајнираат нешто сосем ново.
Wankel ротациониот моторот досега веќе бил испробан на неколку мотоцикли од кој најпознат пример е Suzuki RE5. Но како што се случи и во индустријата за автомобили, сетапот не беше доволно ефикасен, а исто така и бараше големо оддржување. Од оваа причина идејата беше напуштена. Но сега се чини дека се враќа.
Веб сајтот motoparts.com.mk ви овозможува од удобноста на вашиот дом или работно место да нарачате дел за вашиот мотоцикл или скутер само со неколку кликови.