BMW M 1000 RR 2027 добива трета генерација на M Motorsport рам
BMW Motorrad ја претстави третата генерација на својата M Motorsport рамка, која од моделската...
Веројатно секој од вас слушнал за Power Commander но на прсти се бројат оние кои имаат вакво мало пријателче во нивните мотори. Причината за ова најчесто е неинформираноста, луѓето мислат дека ако ставиле топ со самото тоа што моторот брчи повеќе и оди повеќе.
Доколку прашате било кој дистрибутер на мотори во земјава зошто продажбата на мотори не оди онака како што тие би посакувале, без размислување ќе ви одговорат дека цената е во прашање. По направеното истражување со купувачите изминатиот месец, процентите говорат нешто друго..
Редовните посетители на порталов се сведоци на "војната" што се разгоре на форумот со поставувањето на прашањето околу обележјата на македонските МК мото клубови. Пораката која беше адресирана директно до засегнатите страни се чини дека ги заинтригира сите, па така за неколку денови темата со наслов "грбови" се рашири на 7-8 страни...
На иницијатива на членовите на Motori.com.mk, a по повод 1 година од трагичната смрт на Тоше Проески, овој викенд ќе биде организирано групно возење и посета на гробот на Тоше. Собирањето е закажано за на 12-ти Октомври (недела) на бензиската МакОил во н.Лисиче, во 09.00часот, а поаѓањето за Крушево ќе биде најдоцна во 09.30.
Предводени од мислата дека ниеден медиум кај нас не ги третира мото случувањата, ниту домашни ниту странски, знаејќи и што се случуваше пред секој собир кога се ширеа дезинформации, а и неинфомираноста пред се на младите моторџии околу клубовите, настанати, трките, пред една година решивме да го донесеме на свет motori.com.mk
Чест ни е да ве поканиме на првиот роденден на сајтот, а ќе ни претставува задоволство доколку не удостоите со вашето присуство. Поканата е отворена за сите моторџии, членови и посетители на сајтов, сите клубови, сите добронамерници.
Забаватa ќе се одржи на 13-ти Септември (сабота) во пицерија Томас (по еднонасочната улица позади Рамстор, па првата уличка десно).
Сосем кратко, нема да коментираме што постигнавме, знаеме што не направивме, ама знаеме и што ќе направиме во периодов кој следи. Одиме напред!
Ивона Кировска е првата победничка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Првиот ваков избор во нашата земја беше помогнат од сите спонзори на сајтов, за што уште еднаш сакам да им изразиме благодарност, како и до весникот Вечер, модното студио Црнокрак, модната куќа Кара и сите добронамерници и соработници на порталов кои дадоа се од себе за изборот да заврши успешно. Нормално како за прв пат имаше и пропусти, за кои сме свесни, и кои следната година сигурно ќе бидат надминати. Во продлжение следува текстот и и фотографијата од насловната страна на денешниот број на Вечер.
Фотки од настанот, овде .
Изборот за Летна Мото Убавица '08, полека се ближи кон крајот. Денеска ќе бидат претставени последните пет девојки од кои ќе биде одбрана и последната финалистка. Ивона Кировска е четвртата финалистка која патува во Охрид на 16-ти за финалето. Таа беше фотографирана во салонот на Диро во Скопје, беше облечена во модели на модната куќа Кара, а пред објективот на Димитар Апостолов се појави во друштво со Hyosung GT650R.
Заради технички причини фотографиите за изборот на третата финалистка беа ставени еден ден подоцна за гласање, па затоа сеуште изборот е во тек. Гласањето завршува вечерва на полноќ, па доколку сеуште не сте гласале за вашата фаворитка време е да го направите тоа. Гласајте овде.
Кристина Станојкова е втората финалистка на изборот за Летна мото убавица '08. На Кристина и честитаме, и и посакуваме среќа во финалето, а на вас драги посетители ви најавуваме многу по жешки фотки од понеделник, изборот станува интересен..
Снимањето се одвиваше
во новиот салон на Леопард во населбата Аеродром, каде петте девојки од модното
студио Црнокрак позираа на моделите на CF МОТО 500A (quad), CF V5,
CF V3, CF E-CHARM, и на Sachs
MadAss. Манекенките беа облечени во облека
од модната куќа Кара, но и во мото опрема исто како и на првото снимање.
Изборот за Летна мото убавица е во тек, денеска во неколку дневни весници излезе информацијата за гласањето, па разбирливо е што интересот е значително зголемен. Весникот Вечер со кого имаме официјална соработка во денешниот број излезе со насловот "Секси цуци на мотори", а понатаму редовно ќе известува за текот на гласањето и за резултатите.
А ние со цел да ви го олесниме изборот , денеска ви претставуваме уште по две слики од секоја девојка, овојпат во по "лесна" облека, а за да го заокружиме впечатокот, утре очекувајте уште по две фотки во мото опрема. Гласајте!
Motori.com.mk бира летна мото убавица. 25 девојки од модното студио Црнокрак облечени во моделите на КАРА и мото опрема започнаа успешно да се снимаат во салонот на ЕуроМото лоциран кај Олимпискиот Базен.
Ќе се снимаат по 5 девојки неделно, од кои една влегува во финелето и која храбро ќе се бори за титулата летна мото убавица за ова лето. Атрактивниот избор ќе се одржи на едно од охридските плажи.
Првите 5 девојќи беа сликани на неодоливите Harley Davidson, Triumph Speed Master, Triumph Deytona Triple 675 SE, Megelli и Ducati 999 и никој не остана рамнодушен :) Ние си ја одбравме нашата убавица, а вие??? Гласајте ...
Кацига од 800 денари може повеќе да те убие отколку да ти помогне. Не е битно што возиш скутер од 600 евра и убеден си дека е лудост да дадеш 100€ (минимум) за нормална кацига. Верувај, многу повеќе ќе дадеш по болници отколку за кацигата недај Боже ако ти се случи нешто...ама тоа е АКО стасаш до болница...
Motori.com.mk организира избор на Летна Мото Убавица '08. Во наредните 5 недели ќе имате можност да гласате за вкупно 25 девојки кои ќе бидат сликани на ексклузивни модели на мотори. Секој ден ќе биде претставена по една девојка, а на крајот на неделата од 5-те девојки ќе се одбере една.
Пред да тргнете на вожња со сопатник на мотор,не помислувајте дека на него му е познато како треба да се однесува на задното седиште,туку одржете му кратка лекција за тоа која е неговата улога и како треба да се однесува при возењето...
Вчера пред хотелот Александат Палас се случи тешка сообраќајна несреќа. Возачот на моторот е сеуште жив, но во многу тешка состојба. Бесполезно е да навлегуваме во тоа кој е виновен за случајот, и најмалце е битно тоа кога еден млад живот е во прашање. Затоа, ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО и секогаш, ама баш СЕКОГАШ, НОСЕТЕ ЗАШТИТНА ОПРЕМА!
Благодарение на нашиот спонзор EuroMoto , имавме можност да ја тестираме врвната кацига од гамата на Marushin - 999NX.
Во обид да го донесеме мото спортот поблиску до сите заинтересирани љубители на мотоциклизмот кај нас, го објавуваме првото интервју од серијата која ќе продолжи во наредните месеци. Наш прв соговорник е Сашо Николов - Тумац, од МК Тумац од Скопје, Шампион на Македонија во 2007.
Џефри Полнаја е Индонезиец кој е на пат од 2006 година. Ride For Peace, е мисија во
која тој го промовира мирот во светот возејќи го својот мотор низ целата
планета. До сега има поминато 52 земји низ Азија, Африка и Европа, а неговото
патување ќе заврши во 2011 откако претходно ќе ги обиколи Америка и Австралија.
Македонија е 53 земја која тој ја посетува, па желни да дознаеме нешто повеќе
за него направивме ексклузивно интервју
во Custom Pub,
клубското место на POTFAT MC.
Сабота Катланово, недела на Водно.
Во сабота собирање во 10.00 на МакОил, и од таму по
стариот пат до Катланово. Ќе се договориме кој ќе земе скара, а колбаси
ќе купиме сабајлето. Прогнозата за времето е ок, така да планирајте
целодневна настава.
п.с. нека земе фудбал некој ако има, да се преслушаме таму...
Во недела во 9.30 на МакОил, ќе одиме на Водно да ја гледаме трката, возењето ќе биде преку Пантелејмон за
да можеме да застанеме на добро место да ја гледаме трката, по трката пиво во Custom или слободни активности.
Бидејќи и двете локации се блиску, нема да се вози брзо па може да се
вози заедно, значи скутери, квадови, веспи, кросови, томоси, пенти,
брзинци, чопери, моторчиња за вода вадење... се е добредојдено
По повод Велигденските празници во недела ќе се вози до крстот на Водно. Собирањето е стандардно, во 10.00 на бензиската на МакОил во Лисиче.
п.с. Не заборавајте да си понесете јајца!
Следното надополнување на сајтов ќе биде во понеделник, редакцијата на motori.com.mk ви посакува среќни Велигденски празници!
Христос Воскресе!
Доколку временските услови дозволуваат, планот за овој викенд е следен:
1. Сабота (19.04.2008), собирање во 11.00 на бензиската на МакОил, возењето ќе се договори на самото место (се вози со скутери и послаби мотори, возењето е во Скопје и околината)
2. Недела (20.04.2008), собирање во 09.00 на бензиската на МакОил, поаѓање најдоцна во 09.30, возење до Мариово
Заради лошите временски услови не е дефинирано дали ќе има возење во недела. Доколку дозволува времето во недела, собирањето е закажано стандардно за во 11.00 на бензиската на Мак Оил во Лисиче, па потоа ќе се одлучи каде ќе се вози. До сега има еден предлог на форумот , возење до местото Три круши во Драчево.
Во недела ќе се вози до Козјак. Местото на собирање е бензиската на МакОил во лисиче (во близина на Хемиско), а заради планираните активности (скариче, ова-она..) времето е поместено за половина час порано. Значи собирање во 10.00, а поаѓање најдоцна во 10.30. Поканата е отворена за сите членови на клубови, free возачи, сувозачици, возачици и останати...
На денешното возење до Велес се собраа помалку моторџии од вообичаеното, но сепак тоа не беше пречка да си поминеме одлично. Во Велес се запознавме со дечките од МК "Воини на сонцето", за кои наскоро ќе има претставување на сајтов. Галеријата со дел од сликите веќе е поставена на "повеќе", а останатите ќе бидат додадени откако ќе ги добиеме.
Наместо возење до Козјак се случи возење до Куманово. Јавно извинување заради направената промена во планот, и во иднина ќе се закажува само место и време на собирање па потоа ќе се одлучува каде ќе се оди. Во секој случај имаше одлично возење и дружење и покрај тоа што времето повторно не беше баш на наша страна. Додадени се и дел од сликите од вчерашното возење (кликнете на повеќе), а сите кои имаат фотки можат да ги испратат на
AMK “Вардар” е формиран 1978 година во Скопје. Брои околу 70 члена, од кои има и странски членови од Косово и Ирска.Прв претседател на МК е Вања Битуљану, а од септември 1979 година е Васил Николовски кој ќе биде на оваа позиција до 2010 година.

Мото клуб "Тумац" Скопје
Мото клубот "Тумац" е формиран во 2002 година и истата година има настапувано на балкански и меѓународни натпревари. Активности на клубот се: брзински натпревари, мото крос и учество на меѓународни собири и манифестации. На сите тие натпревари се освоени многу пехари, медали, признанија и дипломи.
Мото клуб: Мото Скопје
Авто Мото Туринг Клубот "Мото Скопје" со регистрација во здружение за спорт и млади на Македонија,постои од 1998 год.
Оснивачи на клубот биле: Зоран Наумовски-Кизо; Игор Ристов;Никола Ќука;Ацо Николовски и Звонимир Ников, а како председател на клубот е избран Зоран Наумовски -Кизо, и клубот почнува со работа.
Основан е 1989 г. во Москва и со своите 18г. постоење и преку 30 чаптери, достоинствено стои на своите основни начела во креирањето на нашиот свет.
Night Wolves MG себе се препознава во ликот на Волкот, неговите особини, начин на живот, издржливост во борбата за опстанок и посветеноста кон глутницата!
Осигурителните компании не ги покриваат трошоците за сообраќајна несреќа со мотор до 50 кубици, ако сопственикот не ја обновил осигурителната полиса. Во случај на сообраќајка со некое вакво моторче, надомест за претрпената штета може да се бара само со приватна тужба..
Kawasaki Z750 претставува комбинација од мотор произведен за сериозно улично возење со нов агресивен стајлинг. Специјално направен за возење со врвни перформанси, како претставник на модерен street-fighter, Кавасаки склопи брак помеѓу перформасите на моторот и на шасијата...
ФИМ ги објави последните промени на предложениот календар на трки за 2008. Трките во Валенсија и Португалија се преместени за една недела порано, трките во Јапонија и Австралија си ги заменија закажаните термини. Во продолжение ќе го погледнете новиот календар.
Кејси Стонер ја извојува десеттата победа во сезоната, и со тоа остана непоразен откако ја освои титулата пред две трки. Меландри ја заврши трката на второто место и покрај проблемите со цевчето од водата за пиење кое било дупнато па водата му прскаше во очите. Дени Педроса се пласираше на третото место.
Американскиот Супербајк шампион Бен Спиз е навистина блиску до возење на последната трка во МотоГП преку вајлд карта. Сузуки потврди дека Американецот ќе тестира за нив по Малезиското Гранд При. Спиз има 23 години и минатиот месец го победи тимскиот колега Мет Младин при што ја обезбеди втората последователна титула во АМА натпреварувањето.
МотоГучи го претстави својот модел Breva 1200 Sport, или како што е опишан "италијански спортист за традиционалисти". Накратко се работи за мотор во кој ќе се вљубат традиционалистите кои ја преферираат црвено, зелено и белата комбинација наспроти црвено, бело и сината...