MotoGP ја лансира „MotoGP Academy“ за развој на млади таленти ширум светот
MotoGP го проширува својот „Road to MotoGP“ проект со воведување на „MotoGP Academy“, нова...
Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard.
Минатата недела Брет Ткакс, познат инструктор и јутјубер објави видео на тема lane splitting или lane filtering, што ако се обидеме да го преведеме ќе дојде како возење меѓу ленти. Еве го видеото подолу а под него следува листа на 5 автомобили од кои треба да се пазите кога возите токму така, меѓу ленти.
Во првата од најавените 6 промоции вчера Ducati ја претсави освежената верзија на помалата Multistrada која сега се вика V2.
За сите кои не се подготвени да се откажат од спорскиот дух на својот мотор, ама сепак се подготвени да истераат некоја сериозна тура сега постои уште една понуда. Suzuki го претстави новиот GSX-S1000GT кој е базиран на освежениот GSX-S1000.
Не гледаме секој ден радикално нови концепти на дизјн на мотори, а уште поретко гледаме концепти кои се вистински а не само некоја компјутерска визија. White Motorcycle Concepts стои на втората страна и ова лето храбо претстави комплетно нов концепт кој ги остави сите без здив.
Врвна технологија и најдобри перформанси во бројки е она што ја зголемува продажбата на супер спортските мотоцики. Но, да бидеме реални, мотор се купува и со срце, еднакво колку што се купува на база на бројки. А тоа понекогаш може да значи и само да ти легне бојата на моторт и да знаеш дека едноставно мора да го имаш.
„Планот беше да одам со Мултистрада, ама тимот се шегуваше дека не биле дозволени мотори направени по 2000 година, и им испратив фотографија од стариот Ducati SS Darmah. Рекоа дека ако сум бил маж ќе дојдам на пат со него. А јас бидејќи сум малку глуп, реков доаѓам!” - сподели Жоан Зарко, возачот на Прамак Дукати во Арагон пред претстојниот MotoGP викенд.
Изминатиов викенд се одржа јубилејното 30. по ред Рели Македонија - Независност 2021. Веќе објавивме една галерија од стартот на релито, во продолжение уште фотографии сликани во Скопје, Кавадарци и на пат Кавадарци - Прилеп.
Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.
На сите ни е познато дека светскиот тенисер бр. 1 подолго време има соработка со Peugeot. А они кои ја следат оваа компанија знаат дека таа интензивно се обидува да се ребрендира и репозиционира со својата гама на две тркала, особено по комплетното преземање од страна на индискиот конгломерат Mahindra.
На сите им стана јасно дека Harley-Davidson премногу рано влезе во трката на големи електрични мотори, и веројатно затоа не поминаа баш многу добро. По серија промени внатре во самото управување на копанијата и нови стратешки определби периодов во пракса почнаа да спроведуваат уште една ваќна одлука. LiveWire се двои како посебен бренд. Нема веќе да го носи логото на HD и она што е веројатно повежно, има нова ценовна политика.
Сет нови правила наскоро комплетно ќе го забранат или забават движењето на моторите на некои од најпопуларните и атрактивни патишта низ Германија. Соочени со овие нови правила деновиве возачите на мотори низ целата држава излегоа на протест.
Во убава атмосфера, со повеќе од 500 посетители вчеравечер, со почеток во 18:00 часот, се одржа првиот Italian Open Moto Day, настан посветен на италијанската мото индустрија, во организација на Амбасадата на Италија и ДИНАМИКС, увозник и генерален застапник за Piaggio, Aprilia, Ducati и Moto Guzzi.