MotoGP ја лансира „MotoGP Academy“ за развој на млади таленти ширум светот
MotoGP го проширува својот „Road to MotoGP“ проект со воведување на „MotoGP Academy“, нова...
Мото Клубот Guardian Angels MC во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, Општината Гази Баба и други, во кругот на клубот и клубските простории на GUARDIAN ANGELS MC, на ден 13.04.2024 (сабота), по втор пат ќе организира Показна Вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот „Погледни двапати, Спаси Живот“.
Враќањето на Андреа Ианоне во трките на светскиот шампионат не беше ништо помалку од брилијантно, по четиригодишната забрана заради допинг.
Хорхе Мартин (Prima Pramac Ducati) ја освои првата Спринт победа во сезоната, освојувајќи ги и првите 12 поени од сезоната на Големата награда на Катар Ервејс во Катар. Шпанецот го продолжува својот успех во Спринт трките, победувајќи го Бред Биндер (Red Bull KTM Factory Racing) за половина секунда пред целната линијата.
Во сезоната 2024 боите на Мотоклубот „Ендуро Тим Водно“ од Скопје ќе ги бранат вкупно 18 лиценцирани мотоциклисти, од кои 10 се во јуниорска конкуренција. Меѓу натпреварувачите има и едно девојче, кое е единствено во Македонија во овој спорт.
Во Свети Николе во клубските простории на Мото клуб Свети Николе МЦЦ на ден 21.11.2023 година се одржа состанок на иницијативниот одбор во состав од 10 МК клубови од Македонија со една заедничка идеја за формирање на Мото Асоцијација на Македонија на МК клубови.
Иако имаа формално склучен договор за тековната и за 2024, Реа ќе биде ослободен од овој договор со заедничка согласност на крајот на тркачката сезона. За време на неговото возење за официјалниот фабрички тим, 36-годишниот Реа постигна неверојатен број од шест титули во WorldSBK, како и други рекорди, вклучувајќи рекорд на сите времиња за WorldSBK шампионски титули, победи на трки, подиуми, најбрзи кругови и вкупни поени.
Со огромно задоволство и ентузијазам, Triumph Motorcycles, светски познатата британска марка за мотоцикли, Ве поканува на отворен ден на својот нов салон во Скопје на 24 Јуни. Ова е значајна можност не само за нас како компанија, туку и за сите љубители на мото-културата во Скопје и Македонија.
Откако денеска ФИМ судиите одлучија казната од двоен долг круг за Марк Маркез да важи на следната на трка на која тој ќе настапи, тимот јавно се пожали на одлуката.
Историјата на марката Brough Superior е многу интересна и се движи од Британија кон Франција, но ние тука ќе зборуваме повеќе за нејзината иднина. Генерално нашата страница обработува текстови на мотори кои се поблиску до нашата реалност, но од време на време не е лошо да продолжиме да сонуваме.
Колку и да го сакаме звукот на машината која ги движи клиповите нагоре надолу неколку илјади пати во минута, сепак треба да се навикнеме на се потивките мотори од кои излегува еден сосема поинаков звук.
Ова е период од годината кога сите компании кои произведуваат мотори или на кој било начин се вклучени во оваа индустрија лансираат новитети. Саемот во Милано е еден од најголемите, ако не и најголем од ваков тип во светот. Ако ги следите некои од дилерите во нашата земја ќе видите дека добар дел од нив се таму и во живо ги прават плановите за следна година. Нашиот план за оваа година е да ви ги претставиме новитетите од удобноста на нашите домашни столчиња.